Истече рокот за регистрација на заедница на сопственици

Bez autora
Apr 01 2012

Рокот во кој станбени згради требаше да определат управител или да регистрираат заедница на сопственици истече, а оние згради кои не ја исполниле обврската ќе добијат управител кој ќе го назначи нивната општина. Министерството за транспорт и врски потсетува дека Законот се однесува на секоја станбена зграда во која има повеќе од двајца сопственици на посебни делови и повеќе од осум посебни делови, сметајќи ги и становите и деловните простории, односно дуќаните. Согласно податоците добиени од Централниот регистар заклучно со крајниот рок се регистрирани вкупно 2.242 заедници на сопственици на станови, а за 230 субјекти кои поднеле документи, во тек е постапката за регистрирање.

Истече рокот за регистрација на заедница на сопственициРокот во кој станбени згради требаше да определат управител или да регистрираат заедница на сопственици истече, а оние згради кои не ја исполниле обврската ќе добијат управител кој ќе го назначи нивната општина.

Министерството за транспорт и врски потсетува дека Законот се однесува на секоја станбена зграда во која има повеќе од двајца сопственици на посебни делови и повеќе од осум посебни делови, сметајќи ги и становите и деловните простории, односно дуќаните.

Согласно податоците добиени од Централниот регистар заклучно со крајниот рок се регистрирани вкупно 2.242 заедници на сопственици на станови, а за 230 субјекти кои поднеле документи, во тек е постапката за регистрирање.

Издадени се вкупно 10 лиценци за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, а по едно барање во тек е постапката на одлучување и во овој период се определени 467 управители на станбени згради.

Доколку сопствениците на посебните делови не определат управител или не регистрираат заедница на сопственици во дадениот рок, на барање на овластениот инспектор за домување во соодветната општина, управителот го определува судот во вонпарнична постапка, избран од регистерот на управители на станбени згради.

Инспекцискиот надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го вршат овластени инспектори за домување во општините и општините во градот Скопје во рамките на надлежната инспекциска служба.

Во следниот период, од страна на самите општини  потребно е да се врши надзор на станбените згради и доколку се констатира дека определена зграда ги нема регулирано своите обврски во однос на Законот ќе биде определен управител кој ќе одговара за управувањето со таа станбена зграда, стои во соопштението на министерството.

Со определувањето на управител за вршење на дејностите на управување со станбената зграда или регистрирањето на Заедница на сопственици на посебните делови, на правен и европски начин се регулираат обврските на сите кои живеат во една станбена зграда.

Ова подразбира правно регулирање на сите права и обврски кои ги имаат станарите и во пракса се овозможува многу подобар начин на одржување на заедничките делови во зградата со што елиминира можноста за дефекти односно нефункционирање на заедничките системи, како што е лифтот, осветлувањето, хигиената и тн.

Управувањето со станбените згради претставува следење и спроведување на одлуките на сопствениците на посебните делови во зградата, застапување во правниот промет и во постапките пред надлежните органи со цел за функционирање, одржување и зачувување на заедничките делови на станбената зграда, стои во соопштението.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik